Дали знаете дека Генел е првата компанија
што започна програма за рециклирање кертриџи и тонери?

 

Како општествено одговорна компанија, следејќи ги новите законски регулативи за отпадни тонери, Генел е единствена лиценцирана фирма во Р. Северна Македонија со дозвола за собирање и третирање на отпадни тонери издадена од Министерство за животна средина. Поседуваме сертификат за квалитет ISO9001:2008 и сертификат за заштита на животната средина ISO14001:2004.

РЕЦИКЛИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ КАРТРИЏИ

Генел е посветен на политиката за нула отпад на депониите. Секој елемент на секој вратен картриџ повторно се искористува и се рециклира, без разлика дали како компонента во нов картриџ, како основен материјал за други индустрии или како замена за фосилните горива. Ниеден дел од картриџот не се испраќа на депонија.

Програмата за рециклирање кертриџи ви овозможува бесплатен, лесен и еколошки одговорен начин за рециклирање на празните кертриџи.

Прифатливи кeртриџи

Само сè-во-едно кeртриџите со тонер се прифатливи за нашата програма за рециклирање. Шишињата со тонер и инк-џет кeртриџите не се прифатливи за оваа програма. За повеќе информации контактирајте го нашиот тим за рециклирање.