Квалитетни тонери за висококвалитетни отпечатени материјали

 

Оригиналните сè-во-едно тонери од Canon гарантираат врвен квалитет при печатењето. Тие ги содржат сите основни елементи за печатење кои имаат определен работен век, така што кога ќе ги замените сè-во-едно тонерите, вашиот уред ќе биде практично нов.

ТОНЕРИ СО БЕСПРЕКОРНА ДОСЛЕДНОСТ

Некои работи функционираат подобро кога се заедно. Употребата на вашиот печатач од Canon во комбинација со оригинални тонери и фотохартија од Canon овозможува оптимални перформанси и врвен квалитет при секое печатење.

Како да препознаете оригинални тонери?

Кога купувате картриџ од Canon, секогаш барајте го холограмот, со неговата технологија за промена на бојата и „оригиналното“ лого на Canon на надворешната страна од пакувањето. Фразата „за употреба во производи од Canon“ не значи дека станува збор за оригинален картриџ од Canon.