Соберете ги најдобрите моменти од изминатата година и отпечатете уникатен календар што ќе го закачите во вашиот дом или ќе го подарите на саканата личност. Како што денот станува сè пократок и поминуваме повеќе време дома, тоа е совршена можност за да ги прегледате сликите што сте ги снимале годинава и да се подготвите за следните 12 месеца. Има ли подобар начин за да се организирате од создавање приспособен календар со сите ваши омилени семејни моменти?Домашно направен календар што ќе го отпечатите со вашиот печатач PIXMA од Canon е одлична можност за да се присетите на драгоцените семејни моменти што сте ги снимиле со вашиот телефон или фотоапарат и да изберете совршени слики што ќе го одбележат секој месец. Или, пак, може да изберете слики од местата што сте ги посетиле, а притоа да ги усогласите расположението и локацијата со сезоната?
Фотографката, инфлуенсерка и нова мајка Rafaella Ponce од југозападниот дел на Обединетото Кралство придоби 19,6 илјади следбеници на Instagram преку споделување на нејзиниот живот со мажот и детето, како и други креативни содржини. Таа раководи и со апликација за маркетинг на инфлуенсери која им помага на брендовите и инфлуенсерите да се поврзат меѓусебно.
Тука ќе ни објасни за изработување модели и ќе ни покаже како создавањето сопствен календар исполнет со прекрасни спомени од целата година може да биде забавна и едноставна активност: сè што ви треба е печатач и малку креативност.
1. Подгответе се за вашиот креативен проект за изработка на календар
За да направите сопствен календар ви треба минимална опрема, па затоа е совршена активност во која може да уживате додека ја правите во домот. Освен печатач PIXMA од Canon, како безжичниот печатач од серијата PIXMA TS7450 на Canon што го користеше Rafaella, ќе ви треба фотохартија што ќе биде доволно цврста за да може да се закачи или изложи.Мат фотохартијата MP-101 од Canon е идеална за изработка на модели од хартија и со неа ќе добиете висококвалитетни и живописни фотографии со мат завршна обработка. Може да користите и сјајна хартија, како што е Plus Glossy II PP-201 од Canon, која ќе ги подобри светлите бои и ќе ви понуди совршена завршна обработка за дигиталните фотографии. Може да пишувате и врз двата вида на хартии, односно да заокружите датуми или да запишувате белешки што треба да ги запомните. Rafaella одлучи да ја користи хартијата Plus Glossy за да добие календар што ќе изгледа прекрасно и префинето.
2. Изберете слики
Независно дали ќе изберете портрет осветлен со свеќи што сте го снимиле на роденденската забава на вашето дете, среќна сцена од летниот одмор, слика од семејното куче кое трча низ есенски лисја или омилен локален пејзаж прекриен со снег, приспособувањето на вашиот календар со сезонски слики од вашите најдрагоцени моменти е најважниот дел од овој креативен проект.„Ова време минатата година бев трудна и направив фотосесија со мојот стомак и тиква“ – објаснува Rafaella. „Фотографијата беше одлична за да се отпечати за октомври бидејќи ме потсети на тој момент и колку брзо минува времето – моето бебе веќе наполни речиси една година.
„За мене се најважни спомените што може да ги создадете со вашите фотографии. Затоа, за секој месец би избрала фотографија што ќе ме потсети на добрите моменти што сум ги доживеала тогаш.
„Ако го отворите мојот Instagram, ќе видите дека многу сакам да користам природна светлина и не сакам да има премногу елементи во фотографијата“ – вели таа. „Мислам дека е подобро кога има помалку елементи. Изберете ги вашите слики внимателно, додајте многу природна светлина и чисти заднини“.
3. Подгответе ги фотографиите за печатење
Подготовката на фотографиите пред печатењето е важен процес. Многу апликации за уредување фотографии ќе ви понудат опција за избор на видот на датотеката на сликите и квалитетот при извезувањето, а Rafaella ви препорачува да го извршите извезувањето со највисок можен квалитет. „Ако го направите тоа, при печатењето ќе добиете слики со подобар квалитет“ – вели таа.Ако ги извезувате сликите во форматот JPEG, тогаш изберете го највисокиот можен квалитет. Може да ги извезете и како PNG-датотеки, бидејќи овој вид на датотеки имаат помали загуби во квалитетот при компресирање, за да добиете слики со подобар изглед. Ако фотографирате во RAW-формат, тогаш ќе добиете највисок можен квалитет и најголема флексибилност во постпродукцијата доколку користите софтвер за уредување слики како што е Digital Photo Professional (DPP) од Canon.
Запомнете, отпечатените слики може да изгледаат поинаку од сликите што се прикажуваат на екранот, па затоа направете неколку пробни печатења за да дознаете како ќе изгледа конечната верзија на сликите во календарот.
Rafaella ја користеше апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon што нуди избор на повеќе шаблони за календари. Сликите може да ги увезете директно во шаблоните, а може и да ги искористите шаблоните како инспирација за создавање сопствени шаблони.
4. Бидете креативни со вашиот шаблон
Во зависност од вашите вештини за изработка, може да се обидете да направите сопствен шаблон за календар, но Rafaella го избра шаблонот „Classic One Month“ од апликацијата Easy-PhotoPrint Editor на Canon што ѝ овозможи да внесува по една слика за секој месец. Изберете соодветна големина на хартија за вашиот печатач, увезете ги фотографиите и експериментирајте со креативните филтри, печати и рамки за да го изразите вашиот стил. Можете дури и да го промените фонтот и бојата на текстот за да добиете навистина уникатен календар.Имате голем избор на опции за календари и во бесплатната апликација Creative Park каде што е достапна колекцијата на бесплатни материјали од Canon за изработка на модели од хартија. Изберете шаблон за календар, изберете ја големината што сакате да ја отпечатите и преземете ја датотеката. Земете ножици, лепило, молив, пенкало, чепкалки и пинцета и подгответе се за сечење, превиткување, лепење и составување на вашиот календар.
5. Печатење и изложување
Штом подготвите сè, време е да почнете да печатите. Достапниот и практичен печатач од серијата PIXMA TS7450 на Canon нуди многу опции и затоа е идеален и за работа и за забава. Овозможува брзо копирање и скенирање повеќе листови за работа, а може да го користите како креативен придружник за активности со децата. Големиот избор на креативни медиуми од Canon вклучува магнетна фотохартија што ќе ви овозможи да го залепите отпечатениот календар директно на фрижидерот.6. Подарете ги вашите креации
Кога е исполнет со радосни и заеднички моменти, приспособениот календар може да биде прекрасен подарок за пријателите или семејството. Покрај сопствениот календар, Rafaella отпечати и календар со рамка во која стави фотографија од свадбата на сестра ѝ.„Сестра ми се омажи во август, а ќерка ми ги носеше прстените, па затоа имаме заедничка фотографија со сестра ми и зетот“ – вели таа. „Искористив неколку дизајни за заднина од апликацијата и изгледаше многу убаво. Ќе ѝ го испратам на сестра ми и знам дека ќе ѝ се допадне.
„За мене се најважни спомените што може да ги овековечите во вашите фотографии. Денес сè е дигитално, но мислам дека го пропуштаме „моментот на допир“. Ова дефинитивно е подарок што би сакала да го добијам. Ги прави вашите спомени пореални“.
Напишано од Lorna Dockerill