Постигнете успех во деловното работење за пократко време
со брзиот проток на информации

 

Колку и да е голема вашата организација или колку и да се сложени вашите услуги за печатење, нашите MPS решенија ќе ја зголемат продуктивноста и ќе ги намалат трошоците

Управуваните услуги за печатење нудат комбинација од нашите технологии и услуги што се водечки во индустријата за беспрекорно и безбедно управување со вашата инфраструктура за печатење и скенирање и во централните и во домашните канцеларии, овозможувајќи дигитална трансформација.

Создадете оптимизирано, безбедно и одржливо опкружување за печатење и скенирање со услугите и решенијата од Canon што се достапни преку Cloud, во хибридна комбинација или на самата локација. А сега, благодарение на решенијата за хибриден работен простор од Canon, ви нудиме поддршка за непречена работа од дома и од канцеларијата со еден договор - овозможувајќи ефикасни и продуктивни начини за работа во секое време и на секое место.

Нашиот пристап

Нашиот пристап има пет чекори за оптимизирање на вашето опкружување за печатење:

1. Проценете ги вашите работни процеси за печатење документи за да дознаете колку напредувате во дигиталната трансформација и да изнајдете можности за подобрување.
2. Дизајнирајте беспрекорна дигитална трансформација според вашите уникатни деловни потреби.
3. Овозможете непречена транзиција со искористување на нашите вештини, знаење и искуство.
4. Одржувајте и поддржувајте го проактивно вашето опкружување за печатење и скенирање, за да добиете колку што е можно поголема ефикасност за вашите уреди и работни процеси со документи.
5. Продолжете да правите континуирани подобрувања врз основа на информациите од извештаите за услугите и перформансите.

Инфраструктура со MPS

Нашите управувани услуги за печатење се поткрепени со голем избор на моќни софтверски решенија што ќе ги опфатат сите уреди во вашето опкружување за печатење, почнувајќи од одржување на уредите па сè до генерирање извештаи за корисниците.