Aimee Graham, која изработува хартиени модели, покажува како да ги споите печатењето и боењето за да создадете прекрасни уметнички дела на тема пеперутки. Доаѓањето на пеперутките е сигурен знак дека доаѓа пролетта и нема подобар начин да ја пречекаме новата сезона од изработка на сопствени украси во форма на пеперутки за во домот?Уметникот и изработувач на хартиени модели, Aimee Graham, започна со изработка на накит во вид на оригами, но во текот на минатата година таа смислуваше нови идеи, експериментираше со нови материјали и ги објавуваше своите дела на нејзиниот профил на Instagram (@aimee__designs).
„Отсекогаш сум била креативна, а изработувањето модели стана дел од мојата рутина за грижа за себеси. Откако сфатив дека луѓето ги ценат моите дела, тоа ми даде самодоверба да започнам да градам бренд“ – објаснува Aimee. „Сакам да создавам забавни, индивидуални и одржливи производи што луѓето ќе можат да ги носат на себе или да ги искористат за разубавување на нивните домови. Исто така, сакам да им помагам на луѓето да ја разбудат својата креативност“.
Тука Aimee објаснува како го искористила печатачот од серијата PIXMA TS5350 на Canon, шаблоните од бесплатната услуга за инспиративни содржини Creative Park од Canon и скромните вештини за изработување модели за да создаде неверојатни и прекрасни уметнички дела во форма на пеперутки.
1. Избирање и печатење шаблони за вашите уметнички дела со пеперутки
Во Creative Park ќе пронајдете прекрасни шаблони што може да ги искористите како основа за вашите дизајни, како украси со пеперутки и 3D-налепници за на ѕид. Инспирација за вашиот проект за модел од хартија може да пронајдете и во апликацијата Creative Park што е достапна и за iOS и за Android. За да печатите од апликацијата ќе треба да поврзете компатибилен инк-џет печатач PIXMA од Canon – погледнете ја оваа листа на поддржани модели на печатачи*.„Печатењето е одлична почетна точка за вашите креации“ – вели Aimee. „Ако сметате дека нешто е премногу тешко, тогаш започнете со печатење шаблони и рабови. Користете ги за полесно сечење на вашите дизајни за декупаж, колаж или само за инспирација“.
Aimee го користеше печатачот од серијата PIXMA TS5350 на Canon заедно со Plus Glossy и мат фотохартија за да ги отпечати своите шаблони и утврди дека печатачот брзо се поставува и лесно се користи. „Полнењето хартија и менувањето на поставките за големина на хартија беше многу лесно. Малку е помал од другите печатачи што сум ги користела и изгледа убаво.
„Исто така, квалитетот на хартијата беше совршен“ – додава таа. „Понекогаш хартијата може малку да се оштети откако ќе продолжите да работите со неа, па затоа бев пријатно изненадена што хартијата беше доволно цврста низ целиот процес и остана стабилна како конечен производ откако престанав да ја виткам, да ја продупчувам и да ставам жици низ неа!“
2. Украсување на вашите модели од пеперутки
Aimee ги искористи 3D-налепниците за на ѕид од Creative Park како почетна точка за нејзините дизајни. „Шаблоните ми ја одредија почетната точка. Знаев кои форми ми се допаѓаат најмногу, беа едноставни и немаше потреба да размислувам премногу“ – објаснува таа. „Пеперутките беа главниот елемент во работата, а сè друго беше создадено заради формирање на сцената“. Aimee го презема шаблонот и инструкциите за создавање група пеперутки, што планираше да ги стави во стаклена тегла (стаклена купола за изложување) заедно со лисја и цветови направени од хартија и неколку нејзини креации во боја.Потоа го насочи вниманието кон индивидуални дизајни за кутијата, презема празни шаблони за пеперутки од интернет и ги обои нежните текстури на крилјата со водени бои и пенкала, користејќи ги нејзините омилени пеперутки од Creative Park како водич.
„Главната цел ми беше да ги претворам шаблоните со рабови во разнобојни пеперутки што потоа ќе ги претворам во 3D. Во тој момент беше потребно само да се обојат. Ми беше интересно што креативниот процес се сведе на детските корени и само се забавував“ – вели Aimee.
Ако немате водени бои и пенкала, тогаш може да користите и боички. А ако сакате уште поедноставни модели, тогаш може да ги отпечатите однапред обоените 3D-налепници за на ѕид користејќи магнетна фотохартија од Canon или самолеплива фотохартија од Canon, за да создадете разнобоен производ што ќе можете веднаш да го изложите на фрижидерот, на ѕидот во спалната, на таблет-уредот или на тефтерот.
„Квалитетот на отпечатените материјали беше одличен“ – нагласува Aimee. „Немаше размачкано мастило, а отпечатените линии изгледаа одлично“.
3. Изложување на хартиените модели од пеперутки
Цветовите направени од хартија, материјалите што се закачуваат на ѕид и кутиите ѝ се специјалност на Aimee, па затоа можеше веднаш да утврди колку е лесно да ги вметне моделите од пеперутки во нејзините дизајни.„Сите мои дела се инспирирани од природата, па затоа можев да си замислам дека пеперутките ќе изгледаат одлично“ – вели таа. „Веднаш си го замислив проектот со теглата и навистина се воодушевив кога го изработив“.
За да изложи три нејзини отпечатени пеперутки во боја на ѕид, Aimee избра дрвена кутија и закачи рачно напишани белешки за видот на пеперутките покрај нив.
„Сакам да користам тегли и кутии на ваков начин“ – објаснува таа. „Ме потсеќа на тегла со примероци каква што може да видите на места како Природонаучниот музеј. Зачувувањето на убавината, природата и историјата на ваков начин ги претвора предметите во уметнички дела“.
4. Не плашете се да пробате
Aimee беше многу задоволна од конечните производи и иако отсекогаш била креативна, таа верува дека секој може да добие слични резултати.„Мислам дека сите имаат креативна искра длабоко во себе“ – вели таа. „Уметноста може да биде неизмерна, особено ако правите нешто од ништо. Но, ако почнете со мали чекори и ја внесете вашата енергија во процесот за да откриете што ќе се случи, тогаш најверојатно ќе потонете во процесот – тука се крие магијата.
„Креативната авантура е многу поважна од конечниот производ. Започнете со едноставни чекори, забавувајте се и не престанувајте да се обидувате“.
За повеќе инспирации за модели од хартија, следете нè на Pinterest. И не заборавајте да ги споделите вашите дела на социјалните медиуми со ознаката #MadeWithPIXMA.
Напишано од Andrea Ball
*Ако вашиот печатач не е поддржан, тогаш одете на веб-сајтот на Creative Park.