Разубавете го домот, стилот и вашите уреди со овие идеи за печатење и изработка на модели од хартија наменети за целото семејство.
За уметницата и изработувач на модели од хартија Aimee Graham, којашто одржува работилници за цвеќе од хартија и оригами, печатените материјали се извор на безброј можности. „Производите од хартија се медиум со којшто работам со години и којшто ми овозможува креативна платформа да создадам нешто од ништо“, вели таа. „Бидејќи ви нуди многу различни опции, можете да го користите за создавање не само за дводимензионална, туку и за тродимензионална уметност. Идејата да се создаде нешто од ништо може да им изгледа тешко изводлива на луѓето што не се многу креативни. Во случајов, печатениот материјал овозможува добра почетна точка.“
Aimee исто така верува дека печатењето и изработката на модели ни помага да ја ослободиме внатрешната креативност, што е одличен начин за зближување на семејствата. „Секој има креативна страна бидејќи сите сме биле креативни како деца“, вели таа. „Со текот на времето и поради животните обврски што ги имаме како возрасни, таа исчезнува, па можноста да ја разбудиме ни овозможува повторно да се забавуваме и ни ја враќа рамнотежата. Мислам дека ова е особено важно за семејствата бидејќи ги зближува. Ги зближува родителите со децата, но и возрасните со своето внатрешно дете, што е прекрасно.“
Во продолжение го споделуваме нашиот избор на креативни идеи што можете да ги изработите со вашиот печатач PIXMA во пресрет на Меѓународниот ден на печатениот медиум којшто се одбележува на 20 октомври 2021.
1. Печатење врз текстилни материјали
Вашиот печатач PIXMA е подготвен да ги создаде најубавите текстилни материјали, од персонализирани маички или тексас-јакни, до откачени торби или прекривки за перници. Сѐ што треба да направите е да изберете хартија за пренос на слики врз светли или темни материјали во зависност од бојата на вашата ткаенина, а потоа отпечатете го дизајнот, исечете го, одлепете го, поставете го на саканото место и втиснете го со пеглање.
Можете да украсите и обична маичка или да создадете персонализирано уметничко дело за на ѕид со печатење на ваши шаблони за везење. Со печатачот PIXMA лесно ќе дизајнирате сопствен мотив и ќе го пренесете врз ткаенина, а доколку ви е потребна инспирација, посетете го Creative Park или апликацијата Creative Park.
2. Изработка на деликатни хартиени модели
Aimee презеде и отпечати ѕидни 3D-налепници од Creative Park од Canon како дел од нејзиниот дизајн со пеперутки којшто го прикажа во стаклена тегла. На веб-страницата бесплатно можете да преземете и многу други симпатични инсекти, како бубамари, бумбарчиња и вилини коњчиња, коишто потоа можете да ги отпечатите, исечете, превиткате и да ги обликувате во 3D-играчки и украси.
За изработка на елегантната рамка со пеперутки, Aimee отпечати шаблони коишто самата ги пронајде на интернет, а потоа ги обои крилјата со водени бои и фломастери, инспирирана од налепниците од Creative Park. Боењето е фазата во којашто проектите оживуваат.
„Не е важно дали користите водени бои, фломастери или дрвени боички бидејќи можете да ги комбинирате или да ги користите одделно. Боењето е најзабавниот дел.“
3. Игрите може да започнат
Блогерката Fariba Soetan и нејзиното семејство го претворија својот дом во свет на спортот. „Одбравме игри со фудбал и кошарка бидејќи ни се видоа многу интересни, а според нивото на тежина ми изгледаше и дека ќе можеме да ги составиме уште при првиот обид.“
Изберете го омилениот дизајн и отпечатете го директно на домашниот печатач за да го составите пред главниот настан преку апликацијата Creative Park или, пак, преземете го од веб-страницата Creative Park директно на вашиот компјутер.
На вашиот тим креативци им се потребни ножици, лепак, линијар за превиткувањето, обично пенкало и вашите инструкции. Потоа, само следете ги испрекинатите линии за ножиците, наборите, како и точките каде што треба да лепите за да започнете со составувањето.
4. Домашен декор
„Моделите од хартија ги користам за декорација, како на пример за украсување на домот или на телото, за изработка на накит, ѕидни украси или декорации за на маса“, вели Aimee.
Појдете до делот „Home and Living“ (Дом и живеење) на веб-страницата или апликацијата Creative Park за да го изберете, преземете и отпечатите саканиот шаблон. Од висечки играчки за детската соба, до ѕидни 3D-налепници, ѕидни скулптури и налепници за плочки, вашиот дом може да добие целосно нов изглед.
5. Отпечатете ваша книга со рецепти
Фотографката на храна и пијалаци Natasha Alipour-Faridani, којашто живее и работи во Лондон, ги споделува своите најдобри совети за составување на вашата книга со рецепти и фотографии со помош на печатачот од серијата PIXMA TS3350 од Canon и апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon, којашто нуди креативни опции за изглед на книгите со рецепти.
„Сакав рецепти со храна во светли бои“, вели Natasha. „Ако храната изгледа безживотна, снимајте ја одозгора. Секогаш оставам нешто да излезе од кадарот на сликата – тоа може да биде само работ на чинијата, но тоа ја поткрепува идејата дека се одвива процес во сцената“.
Создадете уникатна книга којашто ќе му ја оставите некому во семејно наследство, ќе ја подарите на гурман или ќе ви служи како дневник со колажи од храната којашто сте ја вкусиле за време на вашите патувања.
6. Празнична забава
Отпечатете ваши „страшни“ ленти, хартиени фенери од тиква, картички за Ноќта на вештерките и маски за вештерки од апликацијата или веб-страницата
Creative Park. Во овој водич за модели за Ноќта на вештерките што може да се печатат ќе ви покажеме дури и како да создадете свој дизајн за нокти за Ноќта на вештерките со помош на нашите налепници за нокти што може да се печатат, меѓу коишто ќе најдете и дизајн со духови. Можете да се обидете да си направите и свои хартиени декорации за на маса или венци за Ноќта на вештерките за да го доловите морничавото расположение на празникот.За повеќе идеи за модели од хартија, следете нѐ на Pinterest и споделете ги вашите изработки на социјалните медиуми со користење на хаштагот #MadeWithPIXMA.
Напишано од Lorna Dockerill