Направете празнична фотосесија, а потоа следете го нашиот едноставен водич во чекори за да создадете сопствени божиќни честитки.
Ако одлучите да користите ваша фотографија, тогаш треба да ја вчитате таа фотографија во апликацијата Easy-PhotoPrint Editor за да ја додадете во шаблон и да ја украсите со текст и графика. Ако сакате да снимите нова слика, зошто не ги опфатите пријателите и членовите од семејството кои носат празнични џемпери? Или, пак, следете го нашиот пример и направете фотосесија со портрети од домашното милениче за Божиќ. Без оглед која опција ќе ја изберете, овие седум едноставни чекори ќе ви помогнат полесно да создадете и отпечатите сопствена и уникатна божиќна честитка.
Ќе ви треба
- Печатач PIXMA од Canon (на пример, серијата PIXMA TS5350 од Canon)
- Двострана мат хартија од Canon
- Празнични фотографии
- Апликација Easy-PhotoPrint Editor
1. Снимете стилска фотографија
Ако одлучите да ги вклучите пријателите и семејството во процесот, тогаш дајте им да облечат џемпери врз кои ќе отпечатите божиќни мотиви во домот. Хартиите од Canon за пренос на слики врз материјали со пеглање се достапни за светли материјали или темни материјали, во зависност од тоа дали ќе го печатите вашиот дизајн врз бела маичка или темен џемпер или блуза. И двете верзии најдобро се употребуваат врз природни материјали како памук. Отпечатете го вашиот дизајн врз хартијата за пренос, отсечете го и испеглајте го врз материјалот – погледнете ги инструкциите за подетални информации.
Штом ја подготвите празничната сцена, може да ја снимите фотографијата. Најдобар квалитет на слика ќе добиете ако го користите вашиот фотоапарат од Canon – идеално би било да го користите EOS 850D од Canon или EOS M50 од Canon – но може да го користите и вашиот телефон, доколку сакате. Може да употребите каква било фотографија.