Изработете персонализирани подароци со печатење врз текстилни материјали со помош на вашиот печатач PIXMA. Од интересна торба, престилка со смешна порака за младиот пекар во семејството до преслатко бебешко боди, вашиот подарок ќе добие уште поголемо значење бидејќи сте го изработиле рачно.
За уметницата и изработувач на модели од хартија Aimee Graham, којашто одржува работилници за цвеќе од хартија и оригами, печатените материјали се извор на безброј можности. „Производите од хартија се медиум со којшто работам со години и којшто ми овозможува креативна платформа да создадам нешто од ништо“, вели таа. „Бидејќи ви нуди многу различни опции, можете да го користите за создавање не само за дводимензионална, туку и за тродимензионална уметност. Идејата да се создаде нешто од ништо може да им изгледа тешко изводлива на луѓето што не се многу креативни. Во случајов, печатениот материјал овозможува добра почетна точка.“
Aimee исто така верува дека печатењето и изработката на модели ни помага да ја ослободиме внатрешната креативност, што е одличен начин за зближување на семејствата. „Секој има креативна страна бидејќи сите сме биле креативни како деца“, вели таа. „Со текот на времето и поради животните обврски што ги имаме како возрасни, таа исчезнува, па можноста да ја разбудиме ни овозможува повторно да се забавуваме и ни ја враќа рамнотежата. Мислам дека ова е особено важно за семејствата бидејќи ги зближува. Ги зближува родителите со децата, но и возрасните со своето внатрешно дете, што е прекрасно.“
Во продолжение го споделуваме нашиот избор на креативни идеи што можете да ги изработите со вашиот печатач PIXMA во пресрет на Меѓународниот ден на печатениот медиум којшто се одбележува на 20 октомври 2021.