Камера скенер за книги и документи со скенирање за една секунда

Скенирање за една секунда
IRIScan Desk 6 скенира документи со формат А4 и А5 за околу една секунда, со резолуција од 300 dpi и до 15 слики во секунда.
Од хартија до дигитална датотека
Книги, списанија, сметки и документи се претвораат во дигитални датотеки со еден клик, вклучително PDF во кој може да се пребарува и Word или Excel датотеки што може да се уредуваат.
Камера за онлајн настава и презентации
Уредот може да се користи и како камера за снимање туторијали и демонстрации, а е компатибилен со Zoom, Skype и Google.
Пристапност
Скенерот помага содржината на книгите и документите да биде полесно достапна и за луѓе кои потешко читаат.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Информациите за спецификациите на производот се превземени од Canon. За дополнителни информации побарајте го нашиот тим за продажба.



