Пренослив безжичен скенер за двострано скенирање во секое време и на секое место

Скенирање во движење
IRIScan Anywhere 6 Wifi Duplex тежи само околу 600 g и работи на батерија, па може да скенира насекаде, без кабли. Со едно полнење скенира до 180 страници, односно 360 слики.
Двострано скенирање во еден премин
Ги скенира двете страни на документот одеднаш, со брзина до 15 страници во минута и резолуција од 600 dpi. Погоден е за договори, фактури, сметки, рецепти и визит-карти.
Wi-Fi и мобилни уреди
Се поврзува безжично со телефон или таблет, а работи со Windows, Mac, Android и iOS.
Софтвер за препознавање текст
Во пакетот се ReadIRIS Pro и CardIRIS Corporate, со кои скенираните документи се претвораат во текст што може да се уредува, а визит-картите во дигитални контакти.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Информациите за спецификациите на производот се превземени од Canon. За дополнителни информации побарајте го нашиот тим за продажба.



