Производствен 36-инчен мултифункциски плотер за печатење и скенирање без прекин

Брзо и континуирано печатење
imagePROGRAF TZ-32000 MFP Z36 печати до 4 страници во минута во А1 формат. Горната фиока собира до 100 CAD цртежи или 10 постери, а двојниот ролен систем овозможува печатење без прекин.
Интегрирано скенирање
Скенерот Z36 со екран на допир од 15,6 инчи и софтверот SmartWorks овозможуваат истовремено печатење и скенирање.
Без застој во работата
Резервоарите за мастило од 700 и 330 ml и ролните со хартија може да се менуваат и за време на печатење, а калибрацијата на боите и автоматската контрола на главата намалуваат грешки.
Сигурност на податоците
Шифрираната комуникација, печатењето со PIN код, напредната автентикација и безбедното бришење на хард дискот ги штитат доверливите информации.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Информациите за спецификациите на производот се превземени од Canon. За дополнителни информации побарајте го нашиот тим за продажба.



