Брзи 36-инчни плотери за CAD цртежи и маркетинг материјали

Поголема продуктивност
imagePROGRAF TM-350 и TM-355 отпечатуваат А1 CAD цртеж за 17 секунди. Брзото будење од режим на мирување и поголемите резервоари за мастило овозможуваат да се исполни и поголем обем на печатење.
Професионален квалитет
5-те пигментни мастила, вклучително новото магента мастило, даваат жива црвена боја и остри линии, за прецизни CAD цртежи и впечатливи постери.
Печатење без рабови
Печатењето без рабови на сите формати заштедува време за дополнително сечење.
Заштита на податоците
Моделот TM-355 има шифриран хард диск од 500 GB, безбедно бришење на податоците и печатење со PIN код.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Информациите за спецификациите на производот се превземени од Canon. За дополнителни информации побарајте го нашиот тим за продажба.



