Компактни А4 црно-бели мултифункциски уреди со голема брзина и напредна заштита

Висока продуктивност
Серијата imageFORCE 1643 (1643 и 1643F со факс) печати до 43 страници во минута и скенира до 100 слики во минута. Стандардниот капацитет од 650 листови може да се прошири до 2.300 листови.
Едноставна работа
Големиот 7-инчен екран на допир во боја ги прави печатењето и скенирањето едноставни, а поддршката за облак и мобилни уреди овозможува лесно споделување на документите.
Напредна безбедност
Trellix Embedded Control и фирмверот кој со помош на машинско учење препорачува оптимални безбедносни поставки ги штитат доверливите податоци од сајбер-напади.
Помало влијание врз животната средина
Уредите се изработени со до 25% рециклирана пластика и имаат ниска потрошувачка на енергија.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Информациите за спецификациите на производот се превземени од Canon. За дополнителни информации побарајте го нашиот тим за продажба.



