Брзи 36 и 44-инчни плотери за технички цртежи во големи обеми

Брзина без прекин
imagePROGRAF TX-3300 (36 инчи) и TX-4300 (44 инчи) печатат до 3,3 страници во минута во А1 формат. Двојната ролна и подобрената корпа за собирање овозможуваат континуирано печатење на А0 и А1 цртежи.
Прецизни тенки линии
Новото матно црно мастило (MBK) дава поостри и попрецизни линии на техничките документи.
Мастило по мерка
Резервоарите од 5 пигментни бои се достапни во големини од 160, 330 и 700 ml, според обемот на печатење.
Безбедност и одржливост
Шифрираната комуникација, печатењето со PIN код, напредната автентикација и безбедното бришење на дискот ги штитат податоците. Плотерите се изработени со 25% рециклирана пластика и 5% рециклиран метал, во амбалажа без полистирен.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Информациите за спецификациите на производот се превземени од Canon. За дополнителни информации побарајте го нашиот тим за продажба.



